top of page

Пилешки крилца во сос од кашкавал- едноставен ручек за кој нема да потрошите многу време

  • rubinirubin
  • Jan 16, 2020
  • 1 min read



Пилешки крилца во со сос од кашкавал- ова е едноставен ручек за кој нема да потрошите многу време… Потребно е: 1 кг пилешки крилца околу 50 г рендан кашкавал 100 г неутрална павлака 1 јајце мелен сув зачин сол, бибер масло Подготовка: – Крилцата посипете ги со мелениот сув зачин. Ставете ги да се пржат на загреано масло додека не поруменат од двете страни. Потоа додадете малку вода и динстајте ги додека не омекнат. – Омекнатите крилца наредете го во огноотпорена тава заедно со сосот во кој се динстаа. – Во еден сад измешајте ја павлаката со ренданиот кашкавал, јајцето и зачинете по вкус. Овој сос прелијте го преку крилцата во тавата. – Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page