Пилешка салата со сусам: Прсти да излижете
- rubinirubin
- Nov 27, 2022
- 1 min read

Многу лесно се подготвува, а сите ја обожаваат.
Состојки:
350 гр бело месо100 гр целер300 гр слатка пченка700 гр кисела павлака100 гр мајонез300 гр конзервирана слатка пченка100 гр печен сусам2 варени јајца4 кисели краставички2 моркови1 корен од магдонос1 поголем компир1 пашканатсол, бибер
Подготовка:
Ставете го белото месо да се свари заедно со морковот, целерот, пашканатот и компирот. Кога е готово, процедете го, а потоа исечете го пилешкото на ленти и ставете го во сад во кој ќе ги соедините состојките. Морковот, целерот и пашканатот се пасираат, а компирот се сече на коцки. Се пече сусамот, па се додава во пилешкото и зеленчукот и се зачинува по вкус. Додадете пченка и сечкани краставици. Јајцата исчистете ги, исечете ги што помали и додајте ги во садот. Измешајте павлака и мајонез за да добиете изедначена смеса, истурете во сад и сè убаво измешајте. Украсете по желба со малку сечкан магдонос и сусам.
Comments