
Овој рецепт ќе му се допадне на секој кој ќе го проба. Потребни состојки: 40 гр. сирови сецкани ореви 65 гр. мајонез 65 гр. грчки јогурт 2 лажички јаболков оцет ¼ лажичка сол ¼ лажичка бибер 340 гр. пилешко филе Mагдонос 6 листа зелена салата Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Оревите подредете ги во тепсија, на хартија за печење и печете 5 минути. Оставете ги да се изладат, а за тоа време измешајте мајонез, јогурт, оцет, сол и бибер да се соединат. Испеченото пилешко, подготвените ореви и магдоносот додајте ги во чинија. Промешајте добро, па додајте прелив од мајонез и грчки јогурт.
Comments