Печени компири во пиво: Идеални за вашиот неделен ручек
- rubinirubin
- Jan 10, 2020
- 1 min read

Вака испечените компири се идеални по своите вкус, боја, мирис… Потребно е: 1,5 кг компири 2 лажици сенф 250 мл пиво 100 мл маслиново масло сол, свежо мелен црн пипер Подготовка: – Компирите измијте ги убаво, излупете ги и исечети ги на парчиња. Ставете ги во еден сад, посолете ги и додадете ги сенфот и маслиновото масло. Убаво измешајте. – Вака подготвените компири ставете ги во тава за печење, прелијте ги со пиво, покријте ги со фолија и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу еден час. – На крај извадете ја фолијата и допечете ги уште 10-тина минути.
Comments