top of page

Пет причини поради кои би требало да јадете пиперки: Овој зеленчук е клучен за здравјето

  • rubinirubin
  • Mar 17, 2022
  • 1 min read

Во едно од најздравите зеленчуци кои ги конзумираме спаѓа и пиперката. Таа има бројни предности, затоа што може да се користи и свежа во салати, печена, но и полнета со сирење или месо како одличен избор за главен оброк во денот.

Покрај тоа што овој зеленчук е особен вкусен и термички обработен, има бројни предности за здравјето.

Здравје на срцето и дигестивниот тракт Пиперката е богата со растителни влакна, содржи железо и фолна киселина, кои имаат корисен ефект врз здравјето на цревата, кардиоваскуларниот систем и е природен антиоксиданс. Без разлика дали е црвена, зелена или жолта, пиперката е подеднакво здрава за детоксикација на телото.

Богат е со калиум Пиперките, без оглед на бојата, се одличен извор на калиум и витамин А. Калиумот помага во одржувањето на здравјето на срцето, го намалува крвниот притисок и помага против чувството на подуеност.

За подобар вид Овој здрав зеленчук содржи витамин А, кој помага во одржувањето на здравјето на очите, одржува добар вид и спречува макуларна дегенерација на окото.

Богат е со антиоксиданси Црвената пиперка е особено богата со витамин Ц и каротеноиди, кои дејствуваат како антиоксиданси и имаат корисен ефект врз здравјето на очите и кардиоваскуларниот систем. Жолтите и портокалови пиперки содржат бета-каротин, кој е важен за здравјето на кожата, но и витамини Ц и А, како и калиум.

Ги намалува брчките Конзумирањето зелена и жолта пиперка може да биде корисно за намалување на брчките што може да се појават околу устата, познати како „линии за насмевка“.

Commentaires


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page