top of page

Оревовка- стар лек за тироидната жлезда и за забрзување на метаболизам

  • Jan 10, 2020
  • 1 min read

Во минатото често пиеле ликер од зелени ореви, бидејќи знаеле дека е поефикасен од многу лекови. Оревите лекуваат различни болести, и тие се многу корисни за тироидната жлезда, грлото, респираторните проблеми, бронхитисот, како и за зајакнување на имунитет. Националната медицина препорачува оревовка за лекување на анемија, но исто така и како прва помош за проблеми со желудникот и за забрзување на варењето на храната. Ликер од ореви Потребни ви се: 40 млади ореви, 1 кг мед, 1 литар ракија. Подготовка: Ставете ракавици и исечкајте ги младите ореви, ставете ги во поголема тегла и над нив додадете 1 кг мед и 1 литар ракија. Затворете ја со соодветен капак и оставете ја теглата да стои на сонце 40 дена. Повремено промешајте ја содржината со пластична лажица. Оревовката е исклучително богата со јод и затоа е добар лек за болест на тироидната жлезда. Пред сервирање, нежно протресете ја оревовката за да го подигнете лековитиот талог. Како аперитив, оревовката служете ја со мраз и парче лимон.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page