
Направете летна “старинска“ супа, таа е лек!
Состојки:
350 грама компир 50 грама путер 1 главица лук 1 тиквичка 100 грама листови од блитва 1 коцка зеленчукова супа сол и црн бибер
Подготовка:
Потребниот зеленчук за подготовка на овој рецепт, убаво измијте го и ситно исечкајте го. Потоа, ставете го во тава на оган во која сте додале малку путер и кратко пропржете го. Вака подготвениот зеленчук, префрлете го во блендер и убаво миксирајте ги сите состојки.
Во тенџере, ставете вода (околу еден литар) и сварете ја зеленчуковата коцка. Потоа во тенџерето додајте го и миксираниот зеленчук.
Варете ја супата околу 15 минути. На крај зачинете.
Comments