top of page

Овој рецепт е многу популарен на социјалните мрежи!



Потребно е:

за 6 тортиљи• 1 пакување тортиљи• 500-600гр мелено месо• 200гр сирење• ајсберг зелена салата• 6 кисели краставички• 1 главица кромид• 3 лажици кечап• 3 лажици мајонез• 1/2 лажица сенф• сол, црн пипер и масло


Подготовка:

Направете прелив од кечап, мајонез и сенф. Прво измијте ги, а потоа ситно исечкајте ја зелената салата и кромидот и киселите краставички на кришки. Врз тортиљата притиснете и тенко намачкајте со вилушка 80-100гр мелено месо и убаво зачинете. Тортиљата со месото ставете ја во тавче со врело масло, да биде месото свртено кон тавата. Печете 4 до 5 минути на средна температура. Свртете на другата страна и ставете го кашкавалот врз месото да се растопи. Префрлете ги во чинија и наредете ја салатата, дресингот, кромидот и киселите краставички. Преклопете ја тортиљата. Вашиот оброк е подготвен. Уживајте!

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page