
Дури и ако немате проблем со сонот, добро е да знаете кои намирници предизвикуваат несоница.
Добриот и редовен сон е неопходен за нормално функционирање на организмот и борба со дневните задачи на брзиот начин на живот.
Еве за кои намирници станува збор:
Конзервираното и чаденото месо го поттикнува излачување на стимулансите кои нè одржуваат будни и нè прават нервозни.
Дури и мала количина на чоколадо содржи од аминокиселината тирозин, која доведува до пореметен сон.
Сите енергетски пијалаци, содржат високо ниво на кофеин, што ја поттикнува напнатоста и излачувањето на адреналинот.
Зачинетата и кисела храна, како и јадењата со чили, го отежнуваат варењето на храната, а тоа го пореметува сонот.
Алкохолот предизвикува дехидратација и го поттикнува мокрењето. Заради тоа често се будиме.
Comentarios