top of page

Ова е најдобриот сос за шпагети: Се припрема за 5 минути и сите го обожуваат


Во светот, овој сос е познат под името “Алфредо сос”, а еве како да го припремите.

Кремастиот сос наречен “Алфредо” е кулинарски сон. Тој настанал во Рим, во 1920 година, а го создал Алфредо ди Лелио. До денес, ова е омилен сос кој се додава во многу јадења, пред сè во тестенини, но се служи и со варен зеленчук, месо на скара итн.

Еве како да го подготвите превкусниот Алфредо сос:

Потребни состојки: – 2 лажички путер

– 2 чешниња лук (рендани)

– 1 шолја неутрална павлака за готвење

– сол, бибер

– ½ шолја свежо изрендан пармезан

Начин на припрема: 1. Растопете го путерот на тивок оган и во него додадете го изренданиот лук.

2. Пропржете малку, па додадете ја неутралната павлака.

3. Додадете сол и бибер, а потоа ставете го и ренданиот пармезан.

4. Мешајте додека состојките не се соединат, а потоа прелијте преку пастата.

5. Изрендајте уште малку пармезан врз шпагетите и по желба додадете неколку листови магдонос.


 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page