top of page

Оваа торта се вика „Мрзлива жена“, кога ќе го прочитате рецептот ќе го сфатите нејзиното име


Десерт кој лесно се прави, а брзо се јаде. Оваа торта се вика Мрзлива жена, а веднаш ќе сфатите зошто. Многу е лесна не може да згрешите и нема да ви одземе време.

Потребни состојки:

1.100 грама шлаг, 700 милилитри кисела вода, 300 грама мелени пишкоти, 200 грама еурокрем и 500 грама малини.

Начин на подготовка:

1. Земете 300 грама шлаг и изматете го со 200 мл кисела вода. Во смесата додадете ги пишкотите. Од тоа ќе ја добиете кората.

2. Потоа изматете уште 300 грама шлаг со 200 мл кисела вода. Ставете ги врз кората со пишкотите.

3. Врз овој слој наредете ги малините.

4. Повторно изматете 300 грама шлаг со 200 мл кисела вода и додадете го кремот. Сипете ја смесата врз малините.

5. На крајот изматете ги преостанатите 200 грама шлаг со 100 мл кисела вода и премачкајте ја целата торта со смесата.

Совет: Наместо малини можете да ставите и друго овошје, а киселата вода можете да ја замените со млеко.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page