top of page

Оваа билка го чисти воздухот и го запира хрчењето

  • rubinirubin
  • Jan 21, 2020
  • 1 min read


ree


Причините за хрчењето можат да бидат настинката, отечената слузокожа, зголемените крајници, девијацијата на септумот или отечениот јазик, како и вишокот ткиво или раб на мекото непце. Долгорочното хрчење може да доведе до сериозни здравствени проблеми, па дури и до срцев и мозочен удар. Но, научниците тврдат дека постои едноставен начин да го прекинете хрчењето, а не станува збор за никаква справа или операција, дури и не чини многу. НАСА спроведе истражување кое покажа дека билката ананас (еден мал вид на ананас) во спалната соба значително го намалува хрчењето и поттикнува добар сон. Билката Bromelia, попозната како ананас, произведува кислород навечер, а не во текот на денот како повеќето билки, што го подобрува квалитетот на воздухот, а со самото тоа и квалитетот на спиењето. Bromelia исто така го произведува и ензимот бромелаин кој го смирува хрчењето кај луѓето. Bromelia најмогу се одгледува во Холандија и потребни се околу две години да се појави првиот мал ананас на врвот од билката. Но, треба да внимавате, ова е исклучително украсна билка и ананасот од неа не е за јадење- што може да се види и според големината (тој е многу мал) и според бојата (многу потемен од обичниот ананас).

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page