top of page

Никој не може да одбие, направете вкусна чоко плазма торта

  • rubinirubin
  • Aug 30, 2021
  • 1 min read

ree

Домашните ќе бидат воодушевени, а вие нема да поминете многу време во кујната.

Потребни состојки: 120 гр. чоколаден пудинг 5-8 лажици шеќер 1 ванилин шеќер 750 мл. млеко + околу 200 мл. млеко за плазмата околу 210 гр. плазма 100 гр. чоколадо 100 гр. путер 60 гр. шлаг + 80 мл. млеко или слатка павлака

Подготовка:

Во 500 мл. млеко додаде шеќер и ванилин шеќер, промешајте и ставете го на оган садот да соврие. Помешајте го пудингот со 250 мл. млеко да нема грутки и додадете во зовриеното млеко со шеќер. Варете додека пудингот не се згусне, а потоа тргнете го садот од шпоретот и додадете 100 гр. чоколадо. Убаво измешајте и оставете филот да се олади.

Изматете шлаг. Во изладениот фил додадете путер, матете со миксер, па полека додавајте го шлагот лажица по лажица матејќи постојано со миксерот.

Обложете калап 30×10 см со провидна фолија. Плазмата потопете ја во млекото и наредете ја во калапот.

Редете ред плазма, ред фил, ред плазма, ред фил и уште еден ред плазма. Покријте со фолијата и оставете да преноќи за да се зацврсти.

Добар апетит.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page