
Речиси и да нема човек кој не сака топло чоколадо, особено кога станува збор за студените денови.
Доколку и вам ви се допаѓа овој чоколаден пијалок, ви предлагаме да го направите според овој едноставен рецепт, кој ќе успее за секого.
Состојки:
30 грама чоколадо за готвење 1 лажица какао во прав 2 дл млеко 30 грама шеќер шлаг (по избор) малку сол
Подготовка:
Во мало тенџере измешајте ги чоколадото, какаото и 1 дл млеко и мешајте на тивок оган додека не се растопи чоколадото. Потоа додадете го останатото млеко и малку сол и продолжете со мешање.
На крајот додадете шеќер, и кога чоколадото ќе стане густо, истурете го во чаша. Украсете со шлаг по желба.
Comments