top of page

Никогаш не започнувајте диета во овој ден од неделата

  • rubinirubin
  • Feb 20, 2020
  • 1 min read



Ефикасноста на диетата не зависи само од избраната храна и од волјата, но и од тоа во кој ден од неделата ќе ја започнете, покажа новото истражување на британски научници. Најверојатно сте осудени на неуспех, ако почнете со диетата во вторник. Многу поголема шанса за идеална фигура имаат жените кои ја почнале диетата во недела или во понеделник. Истражувањето траело околу една година и во него учествувале 2000 Британци. Резултатите покажале дека жените кои почнале со својот режим на исхрана во вторник, до крајот на неделата ја губат целата решителност да ослабат. Ако се почне во понеделник, мотивацијата се задржува многу подолго време, а тоа го покажаа и 88% од учесничките. Истражувањето покажало уште и дека типичниот Британец се става на диета во просек три пати во годината. Најпопуларен ден во Велика Британија за почеток на диетата е петок. Тоа не е добра опција, поради насобраниот стрес во текот на целата работна недела и тоа што викендите искушуваат со многу забава и храна.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page