top of page

Нивното куче не спиело навечер: Секоја ноќ стоело пред нивната соба и ги гледало, а кога ја дознале

  • rubinirubin
  • Jan 9, 2020
  • 1 min read



Едно семејство вдомило куче кое во истиот момент им ја возвратило љубовта. Тоа сакало да си игра со нивната ќерка и било многу послушно.


Но, парот една вечер забележал нешто многу чудно – тие сфатиле дека нивното ново домашно милениче не спие во текот на ноќта, туку стои пред нивната спална соба и ги набљудува. Тоа се повторувало секоја вечер.


Бидејќи не знаеле што да прават, тие го однеле на ветеринар, а прегледот потврдил дека сѐ е во ред со кучето. По ветеринарниот преглед, семејството одлучило да отиде до азилот од каде што го зеле, за да ја дознаат вистинската причина позади сето ова – тие дознале дека претходните сопственици го однеле таму сред ноќ и никогаш повеќе не се вратиле.


Кучето во моментот кога го оставиле цврсто спиело, а кога се разбудило, сфатило дека останало без своето семејство од кое не успеало ни да се опрости. Кога ја слушнале оваа тажна приказна, сопствениците се расплакале и одлучиле да му ја вратат довербата кое кучето очигледно ја има изгубено.


Тие го поставиле неговото креветче до нивниот кревет со цел да му докажат дека сакаат тоа да биде во нивна близина. По неколку недели, кучето конечно цврсто заспало и оттогаш неговиот страв повеќе не се вратил.





Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page