top of page

Не се пече: Освежителна торта со лимон



Лето е време кога секој од нас ужива во лесни рецепти, па затоа израдувајте го вашето семејство со лесна торта со лимон и шумско овошје, чиишто слатко-кисели ноти ќе ви го освежат денот. Потребно е: 200 гр. бисквити 2 лажички кафеав шеќер 6 лажички кокосово масло или 3 лажици путер 150 мл. јогурт од лимон 400 мл. слатка павлака 1 лажица рендана кора од лимон 2 лажици сок од лимон Шумско овошје, нане Шеќер во прав Начин на подготовкa: Бисквититe додајте ги во бленер. Растопениот путер додајте го заедно со кафеавиот шеќер и кратко блендирајте додека состојките се соединат. Извадете ја добиената смеса од блендерот, ставете ја во калап и оставете во фрижидер. За тоа време, во слатката павлака додајте шеќер и промешајте. Додајте ги лимоновиот сок и кората, а потоа додајте го јогуртот. Ќе добиете густа смеса. Додајте шеќер. Подлогата извадете ја од фрижидер и додајте го кремот. Чувајте ја во фрижидер 1h за да се стегне. Откако ќе се стегне, посипете ја питата со замрзнатото шумско овошје и наросете шеќер во прав.

 

Comentários


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page