top of page

Не им верувајте на луѓето ако ви кажат дека ги мрзи: Мрзата е измислена, тврди психолог

  • rubinirubin
  • Feb 18, 2020
  • 1 min read



Психологот Девон Прајс кој предава на универзитетоѕ Лојола, развил теорија дека мрзата воопшто не ни постои, туку е измислена од луѓето. Мрзата не е реална Она што го перцепираме како мрза, на пример пропуштање на крајни рокови, доцнење на работа и рутинско завршување на задачите, всушност и не е реално. Постојат неколку замки во карактерот на човекот кои влијаат врз тоа каков ќе биде неговиот перформанс на работа, па и во секој друг аспект на животот. Слично е и кај студентите, кои колку и да се трудат, не го постигнуваат саканиот резултат. Она што го нарекуваме мрза, често е само симптом на нешто многу подлабоко и многу поскриено. Без судење Ако престанете да им судите на другите, многу полесно можете да дојдете до решение на проблемот. Обвинувањето и надменото однесување предизвикуваат вина и срам, а тоа го прави прокрастинирањето уште полошо. Затоа, наместо да пресудите, можеби е подобро да прашате и да добиете добро објаснување за таквото однесување. Следниот пат, пред некого да етикетирате како мрзлив, подобро е да вложите повеќе енергија за да можете да откриете што го мачи, односно што лежи под таа мрза.

Comentários


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page