top of page

Не го заборавајте грашокот во вашето мени, еве зошто е важно да го јадете


И покрај тоа што најчесто ја игра споредната улога во многуте салати и чорби, доделете му ја почесто главната улога, порачуваат нутриционистите кои велат дека постојат многу причини да јадете повеќе и почесто грашок.

Високата хранлива и биолошка вредност го класифицира грашокот во листата со намирници кои би требало често да се консумираат. Сепак, некогаш потполно забораваме на него и тој подолго време не се наоѓа на нашата трпеза.

Нутриционистите поради тоа потсетуваат дека станува збор за мешунка богата со јаглени хидрати (околу 16 проценти).

Грашокот содржи околу шест проценти белковини, многу растителни влакна, малку масти, а може да се пофали и со фактот дека воопшто нема холестерол.

Кога станува збор за витамините и минералите, секоја лажица грашок ќе ви донесе А, Б1, Б2, Б6 и малку витамин Ц, како и железо, калиум, калциум и фосфор.

Во ова време од годината малку потешко се доаѓа до свеж грашок, но смрзнатиот, конзервираниот или сушениот можат да се најдат во речиси секоја продавница.

Искористете го и додадете го во повеќето ваши јадења, салати, чорби, како прилог и слично.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page