top of page

Не ги фрлајте: Овие намирници немаат рок на траење

  • rubinirubin
  • May 8, 2020
  • 1 min read


Иако на амбалажата на одредени намирници има јасно наведен рок на траење, не значи дека сите треба да се најдат во ѓубре по тој датум.

Многу видови храна и пијалоци всушност немаат рок на траење и безбедни се за консумирање, ако биле чувани во соодветни услови до моментот на користењето.

Една од овие намирници кои можете да ги јадете без страв е медот, без разлика дали се кристализирал или ја променил бојата. Археолозите во древни египетски гробници имаат најдено мед стар илјадници години што уште може да се јаде.

Јаболковиот оцет има многу поволно дејство на организмот, претставува природен лек против болка и е одлично средство за чистење. Исто така и нема рок на траење.

Рок на траење нема ни пченичниот скроб, под услов да го чувате во затворен сад на ладно место.

Солта исто така не може да се расипе, без разлика колку долго стоела неупотребена, секако ако сте ја чувале на суво место.

Водка, рум, виски и други жестоки пијалаци исто така не може да се расипат, ако се чувале неотворени, во спротивно може да оксидираат и да изгубат на структура и вкус.

Рок на траење немаат и оризот, екстрактот од ванила и јаворовиот сируп. Сите треба да се чуваат на суво, ладно место, далеку од директна сончева светлина.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page