
Мажите се комплицирани суштества, тоа го знаеме, особена ако живееме со еден од нив. Но, постојат одредени нешта за мажите кои мора да ги знаете, а кои може да ви ги олеснат односите со нив.
Кај нив сѐ е околу егото
Ви се допаѓа или не, една од најважните нешта кои мора да ги знаете за мажите е дека нивното его е навистина важно. Егото се однесува на чувството на гордост, а важно е да се напомене дека мажите создаваат его на различен начин од жените. Ним им се допаѓа кога ќе ги пофалите ако направиле нешто добро и сакаат кога ќе побарате помош од нив.
Сакаат да имаат заштитничка улога
Мажите себеси се гледаат како заштитници на својата партнерка, на семејството. Понекогаш можеби ќе останат подолго на работа, но во главно тоа е поради фактот што сакаат да заработуваат повеќе за да можат да ви приуштат повеќе нешта. Дозволете им да бидат „глава“ на семејството.
Самодовербата им е важна
Со оглед на тоа дека имаат поголемо его, врежано е мислењето дека немаат проблеми со недостаокот на самодоверба, што се сосема погрешно. Работата е во тоа што подобро го сокриваат недостатокот на самодоверба. Свесни се за себе, како што се и жените и исто така важен им е изгледот и туѓото мислење за нив. Имајте го ова на ум следниот пат кога ќе разговарате со својот партнер и внимавајте на начинот накој им упатувате критики.
Со нив владее тестостеронот
Ова е еден важен факт за мажите за кој мора да бидете свесни. Тестостеронот, односно машкиот хормон, има силно влијание на нивното однесување. Тој е поврзан со сексуалниот нагон, но исто така им дава и енергија, им помага да согоруваат масти, ја буди агресивноста и влијае на нивните ставови.
Comments