top of page

Нема да му одолеете на ова слатко задоволство: Направете си чоколаден леб


Ваков десерт сигурно не сте пробале досега. Направете го уште утре.

Потребни состојки:

  • 180 г путер, омекнат на собна температура

  • 180 г шеќер

  • 3 јајца, матени

  • 125 г саморастечко брашно

  • 100 г мелени бадеми

  • 1/2 лажичка прашок за пециво

  • 100 мл млеко

  • 4 лажици какао

  • 200 г млечно чоколадо (исецкано)

  • 200 г бело чоколадо (исецкано)

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 150 степени.

  2. Ставете ги путерот и шеќерот во сад и мешајте со миксер сè додека не добиете лесна и воздушеста структура. Додадете ги јајцата, брашното, бадемите, прашокот за пециво, какаото и млекото. Продолжете со мешањето. Треба да добиете убава смеса.

  3. Потоа, исецкајте ги чоколадите и додадете ги во неа. Промешајте. Намачкајте долгнавесто тавче со зејтин и сипете ја смесата внатре.

  4. Ставете го тавчето во центарот на рерната и оставете да се пече околу 45 минути. Доколку сакате внатрешноста да биде поцврста, оставете да се пече уште 5 до 10 минути повеќе.

  5. Кога ќе биде готов чоколадниот леб, оставете го да се излади, па исечете го на парчиња.

Послужете додека е сè уште топол и свеж. Како прилог можете да употребите шолја чај и вкусни свежи малини.

 

Comentarios


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page