Нема да можете да изедете само една: Вкусни и брзо готови палачинки со свежо овошје и урда
- rubinirubin
- May 30, 2022
- 1 min read

Палачинките се секогаш добра идеја, а овој пат ќе го збогатиме вообичаениот, веќе добро познат рецепт со свежо сирење, мед и овошје – рецепт во кој сите ќе уживаат.
Без разлика дали за појадок, вечера или како десерт, со палачинки тешко е да погрешите. Лесни се за подготовка, сите ги сакаат, а со нив можете да ги послужите вашите омилени намази, од џем, чоколаден намаз до овошје. Овој пат традиционалниот рецепт заменете го со оваа варијанта со свежо сирење и уживајте во десертот од кој прсти ќе излижете.
Потребни состојки:
170 гр урда 3 јајца 60 гр брашно 60 мл млеко прстофат шеќер прстофат сол Путер Meд Бобинки, по желба
Подготовка:
Одделете ги белките од жолчките.
Жолчките лесно изматете ги со миксер, додадете ја урдата и сè измешајте.
Додадете го млекото и прстофат шеќер и мешајте додека се добро не се соедини.
Додадете просеано брашно и добро измешајте.
Во белките додадете прстофат сол и изматете ги додека не се стегнат. Потоа рачно измешајте ги во смесата со жолчките.
Тавата за печење намачкајте ја со путер, фаќајте ја смесата со лажица и печете ја од двете страни.
Печените палачинки послужете ги со мед и бобинки.
Commentaires