top of page

Нема да ви одземат повеќе од 10 МИНУТИ: Брзи и сочни ЧОКОЛАДНИ КОЛАЧИЊА од 4 состојки


Сигурно пробајте го рецептот за овие чоколадни колачиња денес

Чоколадните колачиња се идеални со кафе или чај, се подготвуваат за миг, па затоа се добра идеја за гостите изненадување.

СОСТОЈКИ:

350 гр чоколаден крем

2 јајца

70 гр брашно

прстофат сол.

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 180 степени и измешајте ги брашното, јајцата и кремот во сад. Со лажица одделете и обликувајте топчиња од смесата, па наредете ги во плех.

Поросете го врвот на топката со многу малку сол. Печете 7 до 9 минути, во зависност од тоа колку сакате внатрешноста на колачето да биде потврда или помека.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page