top of page

Неквалитетната вода – причина за пожолтувањето на забите

  • rubinirubin
  • Jan 10, 2020
  • 1 min read



Неквалитетната вода е една од причините за пожолтувањето на забите, покрај вообичаените и општо познати – цигари, кафе и чај, сметаат руски стоматолози и диетолози. Електронските цигари, исто така, влијаат неподобно. Важно е да си ја запазите заштитната обвивка на забите во добра состојба. Од неа зависи колку забите ќе бидат жолти, сметаат стручните лица. Диетологот Елена Соломатина нагласува дека забите пожолтуваат и со возраста. Таа во таа смисла ги препорачува млечните производи, но и да не претеруваме со нив, пренесува БГНЕС. – На стабилизирањето на нивото на калциум добро влијае и сусамот. Богати со калциум се и сардините, макар и конзервирани, вели Соломатина.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page