top of page

Најлесниот рецепт за доручек од лиснато тесто со кој ќе заборавите на пекарите

  • rubinirubin
  • Nov 3, 2022
  • 1 min read
ree

Лиснатото тесто можете да го направите сами, или да си ја скратите маката и да купите готово тесто кое ви овозможува да го наполните со солени и слатки филови.

Состојки:

1 пакетче лиснато тесто100 грама бри сирење50 грама џем од шумско овошјерастително масло за премачкување

Подготовка:

Лиснатото тесто развлечете го и исечете го на помали коцки или правоаголници.

Во секое парче ставете по едно парче сирење и пола лажичка џем.

Преклопете го тестото преку филот, притиснете ги рабовите со прстите или со вилушка и премачкајте го целото парче со растително масло.

Ставете го во загреана рерна на 180 Целзиусови степени околу 15 до 20 минути или додека лиснатото тесто не добие златно жолта боја.

Послужете топло.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page