top of page

Најкраткиот брак во историјата: Се развеле три минути по судбоносното „ДА“, ова е причината

  • rubinirubin
  • Jan 20, 2020
  • 1 min read



Во Кувајт неодамна бил склучен најкраткиот брак на светот, пренесуваат тамошните медиуми. Сè било многу неочекувано и набрзина, иако целиот настан почнал сосема нормално како секоја друга венчавка. После извршувањето на должноста на матичарот и ставањето на потписи во документот, брачниот пар излегол надвор од општината, за да прослави. Меѓутоа, при излегувањето невестата се сопнала. Младоженецот можел да ѝ помогне, но можел и да молчи. Тој одбрал да ја исмева и да ѝ објаснува колку е глупава поради тоа што ѝ се случило. Невестата во афект од бес и понижување, истата секунда побарала развод на лице место. Во брак биле само три минути. Сè уште не е официјално дали матичарот ја прифарил нејзината молба, но оваа невеста на интернет има целосна поддршка. „Ако така се однесува на почетокот на бракот, на што да се надеваш понатаму? Добро е што си го оставила“, напишала една интернет корисничка. „Клучот до добриот брак е почит, а тој паднал на овој испит веднаш после венчавката“, напишала друга.

Comentários


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page