Најдобрите безвременски совети за љубовтa
- rubinirubin
- Jan 27, 2020
- 1 min read

Љубовта е веројатно најубавото чувство кое можеме да го почувствуваме во текот на своето живеење.
Ова се најдобрите совети за љубовта кои ќе ни помогнат да ја најдеме и задржиме вистинската љубов, но и да не трошиме време на онаа која не ни го носи она најубаво чувство во нас.
Љубовта е глагол, а не именка.
Не минувајте време со некој кој прави да се чувствувате како да не го заслужувате престолот.
Обрнете посебно внимание на тоа како личноста која ја сакате се однесува кон вас кога е лута и вознемирена.
Ниту една врска не е совршена и секогаш постојат конфликти. Тоа што е важно е волјата за нивно решавање и надминување.
Секогаш борете се против проблемот, а не против личноста која ја сакате.
Не морате да изгорите во оган за да ја стоплите другата личност.
Стапете во брак со онаа личност која ви предизвикува исто чувство како кога ја чекате храната во ресторан.
Не ја барајте вистинската личност, туку трудете се да БИДЕТЕ вистинската личност.
Подобро е да сте среќни отколку во право.
Не можете да очекувате да бидете сакани од друга личност, ако самите не се сакате себеси.
Само поради тоа што одредена личност не ве сака на начин на којшто сакате да бидете сакани, не значи дека не ве сакаат со сѐ што имаат.
Ако ги сакате спомените повеќе од самата личност, време да си заминете.
Comments