
Еве како да подготвите вкусен десерт без брашно.
Едноставен рецепт за колачиња за кои ви се потребни 6 состојки.
Состојки:
170 гр. шеќер во прав
30 гр. какао
Две белки
Лажичка и пол екстракт од ванила
¼ лажичка сол
60 грама црно чоколадо
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и обложете го тавчето со хартија за печење.
Во сад со средна големина просејте какао и шеќер во прав. Додајте белки, екстракт од ванила сол и измешајте. Додајте чоколадо и измешајте повторно.
Со помош на лажица ставете од смесата на хартијата за печење и печете ги колачињата околу 15 минути.
コメント