Најдобриот рецепт за кремпита
- rubinirubin
- Aug 14, 2020
- 1 min read

Десерт којшто сите го обожававме во детството.
Совршена комбинација на меко тесто и вкусен крем од ванила.
Потребни состојки:
6 лажици брашно
6 лажици шеќер
6 жолтки
½ прашок за пециво
1 ванилин шеќер
150 мл млеко
75 мл масло
Состојки за фил
1 л вода (одвоено 350 мл и 650 мл)
4 пудинзи од ванила
300 гр. шеќер
6 белки
Начин на подготовка:
Почнете со подготовка на кората така што ќе изматите 6 жолтки, а потоа ќе додадете 6 лажици шеќер, ванилин шеќер, масло, и продолжете да матите. Додајте млеко и соединете ја смесата, па сипете брашно заедно со прашок за пециво. Mатете додека да добиете хомогена смеса.
Сипете ја смесата во тавче за печење. Печете на 180 степени, 15-20 минути. Додека се пече корката, подгответе го филот.
Во 350 мл вода изматете 4 пудинзи од ванила. Во тенџере додајте ги преостанатите 650 мл вода и шеќер и ставете на огин на средна температура. Додајте го изматениот пудинг и мешајте додека да се згусне. Изматете белки од јајца и постепено додавајте го пудингот. Матете додека да се соедини смесата. Прелијте го филот преку корката, оставете ја кремпитата во фрижидер да се стегне околу 2 часа. По желба наросете со какао во прав.
Comments