top of page

Најдобар фил за сарма: Без грам месо, но со неверојатен вкус

  • rubinirubin
  • Oct 22, 2021
  • 1 min read

Феноменален спој на вкусови во кои ќе ужива целото семејство!

Потребни состојки: • 3 компири • 1 помала главица кромид • 3-4 чешниња лук • 2 јајца (исфрлете ги ако постите) • 1 грст ориз • неколку парчиња сланина (исфрлете ги ако постите) • 1 главица кисела зелка • 1 лажичка мелена црвена пиперка • прстофат бибер • 1 лажичка сол • 1 лажичка сув зачин

За запршка:

• 1 лажица маст (масло, ако постите) • 1 лажица брашно • 1 лажичка мелена црвена пиперка

Начин на припрема: Изрендајте ги излупените компири и лукот, а кромидот исечкајте го. Ситно исечкајте ја сланината. Во еден сад ставете ги сите состојки, па додајте бибер, мелена црвена пиперка, сол и зачини и сето тоа добро измешајте го.

Одвојте ги листовите од киселата зелка, започнете да ги полните со приготвената смеса и виткајте ги. Наполнете го садот со сармите, на врвот ставете еден лист зелка, па сето тоа заедно прелејте го со вода. Поклопете ја сармата со помала чинија и со капак, па оставете ја да се крчка.

При крајот додајте ја запршката од маст, брашно и црвена мелена пиперка. Уживајте!

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page