
Ако ви останало пире, направете ги овие ирски ќофтиња кои се ефтини, брзи, економични и ќе бидат вкусен додаток на секое јадење.
Состојки:
2 чаши пире од компири 1 чаша брашно 3 лажици стопен путер или маснотии додатоци по избор
Подготовка:
Сварете ги компирите и испасирајте ги, па додадете сол и путер. Додадете онолку брашно колку што ви треба за да добиете тесто кое ќе биде компактно, но внимавајте да не е суво.
Расукајте го тестото на набрашнета површина и направете кругови дебели околу 1,5 см. Прободете ги дупките со вилушка и пржете го ова вкусно јадење во тава додека не порумени.
Commentaires