top of page

Најбрзото тирамису по рецепт на славниот Гордон Ремзи

Одличните готвачи секогаш имаат трикови во ракавот за највкусните десерти, па дури и кога се брзо подготвени, тоа е полн погодок! Тирамису е едно од најпопуларните слатки во светот и еден вид класика, а можете да уживате во различни варијации на овој деликатес, па дури и во диеталниот.

Гордон Ремзи има интересен рецепт за најбрзо можно тирамису, за чија подготовка не ви треба цела минута (а за неговиот рецепт за паста карбонара потребни се 10 минути).

Ви треба:

170 мл слатка павлака225 гр сирење маскарпоне4 пишкоти225 мл силно кафе4 лажички Марасала бренди или некое десертно вино35 гр шеќер во правлажичка екстракт од ваниларендано чоколадо

Подготовка:

Прво измешајте ги слатката павлака и шеќерот. Посебно измешајте маскарпоне, вино и екстракт од ванила. Потоа измешајте ја смесата со сирењето маскарпоне и слатката павлака.

Потопете ги бисквитите во кафето, наредете ги во филџани и прелијте ги со смесата. Чоколадото изрендајте го преку десертот. Пријатно!

Погледнете како тоа го прави славниот Гордон Ремзи:


 

Commenti


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page