Направете си вкусни и посни колачиња
- rubinirubin
- Oct 6, 2021
- 1 min read

Состојки:
250 мл пиво 250 мл зејтин 1 печиво 2лажици шеќер 100 гр гриз 600-700 гр брашно 100 гр сецкани ореви за полнење
Шербет
700 мл вода 800 гр шеќер 1/2 лимон
По желба: 150 гр мелени ореви или кокос за посипување
Подготовка:
Се замесува тесто од зејтинот, пивото, гризот и брашното помешано со печивото. Едно печиво е доволно затоа што и квасецот од пивото помага при растењето на тестото.
Од тестото се зема во рака и се обликуваат топчиња кои се полнат со оревчиња и се редат на подмачкан плех. Испечете во рерна загреана на 180 степени.
Шеќерот се налева со водата и се става да врие 5минути, а потоа се трга и се попаруваат ладните колачи.
Одозгора може да се поросат со мелени оревчиња или кокос.
Comments