Намаз од моркови
- rubinirubin
- Jan 10, 2020
- 1 min read

Многу вкусен ароматичен намаз кој може да го намачкате на парче леб или пак да го користите како додаток на некое сочно парче месо … Потребно е: 5 моркови 3 чешниња лук 3 лажици маслиново масло 100 г фета сирење 1 лажица мелен ким 4-5 листови свежо нане 2 лажици мед сок од 1/2 лимон сол, бибер Подготовка: – Морковите излупете ги и сварете ги во солена вода. – На маслиново масло кратко испржете ги сецканото лукче и мелениот ким колку да замирисаат. Тргнете ги на страна и оставете да се излади. – Варените моркови исцедете ги и оставете ги да се изладат. – Во блендер ставете ги изладените моркови, додадете го испрженото лукче со ким, потоа издробеното фета сирење, сок од лимон, листовите нане и медот. На крај посолете и додадете бибер, по вкус. – Убаво изблендирајте ги сите состојки додека да добиете хомогена смеса. – Пред да го послужите ставете го во фрижидер да се излади убаво.
Comments