Мусака со модри патлиџани и месо
- rubinirubin
- May 13, 2022
- 1 min read

Одлична идеја за денешниот ручек.
Потребни состојки:
5 модри патлиџани 500 г мелено месо 150 г кромид 2 чешниња лук 3-4 свежи домати 1 лажичка магдонос Ловоров лист Сол и бибер 100 мл маслиново масло 1 лажичка вегета За бешамел сос 40 г путер 30 г брашно 500 мл млеко 1 лажичка пармезан 2 јајца Сол и бибер
Начин на подготовка:
Исечете ги патлиџаните по должина, посолете ги и оставете ги да отстојат. Измијте ги со топла вода и ставете ги на хартија.
Ставете ги во тава премачкана со маслиново масло. Печете ги во рерна на 200 степени околу 15 минути.
На маслиново масло продинстајте го исечканиот кромид, а потоа и меленото месо. Додајте ги сечканите домати, ловоров лист, бибер, лукот и вегетата. Продинстајте.
Откако месото ќе омекне, додајте магдонос.
Бешамел: на растопен путер кратко пропржете го брашното, прелијте со ладно млеко и мешајте околу 5 минути. Додајте сол, бибер и пармезан.
Изладете го сосот и додајте ги претходно изматените јајца. Во огноотпорен сад наредете еден ред патлиџани, по нив распоредете дел од динстаното месо, повторно ставете патлиџани, динстано месо и завршете со ред патлиџани. Прелијте со бешамел сос. Печете на 220 степени околу 20 до 30 минути.
Comments