Мрзлива баклава без кора, сочна и неодолива
- rubinirubin
- Oct 21, 2021
- 1 min read

Кога велиме баклава, првaта мисла ни е ореви и кора. Меѓутоа, ако го претпочитате овој ориентален специјалитет, а немате време за традиционалниот, постои колач која има скоро ист вкус, но домаќинките ќе ја подготват многу полесно.
Состојки: 4 јајца 1,5 чаша шеќер 1 ванилин шеќер 1 чаша масло 1 чаша млеко 1,5 чаша гриз 2 лажици брашно 1 прашок за пециво 2,5 чаши мелени ореви 1/2 чаша сецкани ореви
Прелив: 1,5 чаша шеќер 3 чаши вода 1 ванилин шеќер 1 помал или пола голем лимон
Подготовка: Прво подгответе го сирупот, да се олади додека колачот се пече.
Измешајте вода и шеќер, па ставете да зоврие и по неколку минути извадете ја шерпата од плочата за готвење. Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее.
Изматете ги јајцата со шеќер, а потоа додадете суви состојки – гриз, брашно, прашок за пециво, ванилин шеќер, мелени и сецкани ореви. Потоа додадете млеко и масло, и изматете сè добро со жица.
Намачкајте го плехот, се посипува со брашно, па се става смесата и се става во топла рерна да се пече.
Баклавата ќе биде готова за околу 35 минути.
Изладениот сируп истурете го врз врелата баклава и оставете ја да се излади целосно, па ставете ја во фрижидер.
Се сече на коцки, се украсува со ореви, по желба и се сервира.
Comments