top of page

Моментално освежување- исецкајте лубеница и измешајте ја со оваа билка


Нема ништо подобро во летниот период од лубеница, а кога ќе го пробате овој напиток, полесно ќе ги поднесувате летните денови.

Сè што ви треба е лубеница и малку нане, за да добиете пијалок кој сигурно ќе ве освежи.

Состојки: – 150гр. исецкана лубеница на коцки, без семки – 6 китки нане – 5 чаши вода со мраз

Постапка:

Исецканата лубеница ставете ја во бокал. Малку издробете ги листовите нане за да пуштат арома, па измешајте ги со лубеницата. Потоа во бокалот истурете ја водата со мраз и оставете да отстои во фрижидер најмалку два часа пред консумација.

 

Comentarios


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page