
Многу вкусно и хранливо
СОСТОЈКИ:
1 кг. компири 5 јајца 1 чешне лук половина лажичка сенф малку сол и бибер семиња од сѐ само 3 лажици (тиква, сончоглед, кикирики …) 200 гр. Кисела павлака 2 лажици масло 1 лимон
ПОДГОТОВКА:
Печете ги компирите во рерна заедно со лушпата. Печете на 220 степени додека не омекнат. Сварете ги јајцата.
Излупете ги компирите и јајцата, потоа изрендајте ги или исечкајте ги.
Испечете ги семенките и издробете. Измешајте ги сите наведени состојки и уживајте во вкусна салата. Ако сакате, можете да додадете мајонез во салатата
Comments