top of page

Млеко и банана за мирен сон



Постои народно мислење дека навечер е доволно да се напиете млеко за мирно да спиете. Но, тоа не е сосема точно. Млекото треба да се надополни со банана или некоја друга растителна намирница богата со триптофан, советуваат специјалистите за исхрана. Триптофанот е животно важна аминокиселина која организмот не може сам да ја произведе, туку ја добива со консумирање млеко и одредени билки како што се бананите, спанаќот, шпагетите со сос од босилек, на пареа приготвен модар патлиџам или брокула, парче леб намачкано со путер од кикиритки. Ова е особено важно за нервозните личности кои патат од несоница.

 

Comentarios


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page