top of page

Мислите дека диеталните газирани пијалоци се добро решение? ГРЕШИТЕ!

  • rubinirubin
  • Jun 28, 2022
  • 1 min read

Можеби мислевте дека со изборот на диетални газирани пијалоци наместо оние повкусните ќе направите многу за вашето здравје, но експертите велат дека грешите.

Повеќето истражувања веќе докажаа дека вештачките засладувачи го зголемуваат ризикот за појава на дијабетес, срцеви болести и мозочен удар.

Меѓутоа, ако тоа не ви е доволна причина да го намалите внесувањето на овие пијалоци, еве уште една причина која ќе погоди голем број на мажи.

Имено, според резултатите на едно истражување, кое го спроведоа научниците на Универзитетот во Тексас на чело со Шерон Фаулер, кај мажите кои пијат газирани пијалоци еднаш дневно обемот на половината за девет години ќе се зголеми за осум сантиметри.

Од друга страна, оние кои никогаш не ги консумирале овие напитоци немале проблем или обемот на нивната полвина пораснал незначително.

Алтернатива:

Затоа, доколку сакате рамен стомак, исфрлете ги овие пијалоци од вашата исхрана. Ако не можете без „слатките“ меурчиња, преминете на минерална вода

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page