top of page

Мини говедско Велингтон по рецепт на Џејми Оливер

Идејата за овој рецепт е добиена од познатиот рецепт за бифтек Велингтон. Овде наместо говедски бифтек, се користи мелено говедско месо во комбинација со мелен ким и кари прав. Наместо мелено говедско месо можете да користите свинско или пак јагнешко мелено месо, а може и мешано. Потребно е: 1 главица црвен кромид, ситно сецкан 1 морков, изрендан на крупното ренде 2 чешниња лук, ситно сецкани 1 гранче целер, ситно сецкано 1 прстофат мелен ким 1 прстофат мелен чили во прав 500 г мелено немасно говедско месо 200 г грав од конзерва 1 лажица пире од домати морска сол свежо мелен бибер 2 јајца 2 лажичиња брашно 500 г лиснато тесто 1 рака мелен кашкавал (гауда, ајдамер) маслиново масло Подготовка: – Загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени. – На загреано маслиново масло пропржете го сецканиот кромид, сецканит лук и целер, изренданиот морков и динстајте на средна температура околу 10 минути, односно додека не омекне целиот зеленчук. – Додадете ги зачините, измешајте убаво и динстајте уште некоја минута. Потоа целата содржина префрлете ја во друг сад и оставете да се излади. – Кога зеленчукот ќе се излади во садот додадете го и меленото месо, гравот и пирето од домати. Додадете и прстофат сол и прстофат бибер и едно изматено јајце. Целата содржина замесете ја со раце за да добиете хомогена смеса. – На работната површина посипете го брашното и на него ставете го лиснатото тесто. Развлечете го малку со сукало, но да го задржи правоаголниот облик. Исечете го на 4 еднакви делови. – Смесата од месо распоредете ја подеднакво на сите 4 парчиња лиснато тесто. Оставете по 2 см од краевите на тестото. – Врз месото посипете од ренданиот кашкавал. Краевите од тестото премачкајте ги со второто изматено јајце за да може полесно да се залепат. Преклопете ги краевите и притиснете ги со прсти за да се залепи тестото. Истата постапка повторете ја со сите парчиња лиснато тесто. – Тавата за печење посипете ја со брашно и на брашното ставете ги парчињата лиснато тесто. Секое парче премачкајте го со изматено јајце. – Тавата ставете ја во загреаната рерна и печете го мини говетското Велингтон околу 25 минути односно додека не добие златна боја. – Оставете ги малку да се изладат и послужете ги со сезонска салата.

 

コメント


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page