Мешана салата полна со витамини
- rubinirubin
- Mar 2, 2020
- 1 min read

Потребно е: 250 г цвекло 150 г рукола 100 г сирење 2 шаки јаткасти плодови (ореви, бадеми или лешници) 100 г листови млад спанаќ 2 лажици јаболков оцет 2 лажици маслиново масло сол и бибер
Подготовка: – Цвеклото измијте го убаво и сварете го. Оставете го да се излади, излупете го и исечете го на коцки.
– Убаво измијте ги листовите спанаќ. Јаткастите плодови исецкајте ги на помали парчиња. Исто и сирењето исечете го на коцки.
– Во еден сад ставете ги оцедот и маслиновото масло и изматете ги со вилушка. Додадете сол и бибер, по вкус.
– Во чинија за сервирање ставете ги сите состојки и на крај прелијте ги со подготвениот прелив.
留言