top of page

Мачкајте ги проширените вени со ова масло – целосно е природно, а од него веднаш ќе исчезнат



Оваа исклучително лековита билка кај нас е позната по своите својства да ги исцелува раните и оштетувањата на кожата. Невенот е билка која потекнува од Индија. Најголем број магиски обреди ширум светот се направени токму со оваа билка. Невенот има исклучителна убавина со својата едноставност и фасцинантна портокалова боја. Откриено е дека оваа билка има способност да ги прочистува крвните садови, да ги релаксира и да го зголемува нивниот лумен (внатрешниот простор), како и да го намалува нивото на холестерол во крвта, особено во комбинација со глуварчето, глогот и ресникот (Eupatorium cannabinum). Најновите истражувања покажуваат дека невенот го намалува крвниот притисок и делува благо седативно бидејќи ги релаксира крвните садови и го зголемува луменот, па се препорачува и при ангина пекторис. Како се приготвува ова масло? Наберете 50 цветови невен, добро измијте ги и исушете ги од водата, па потопете ги во поголема тегла и налијте 1 литар маслиново масло. Теглата затворете ја и оставете да отстои 4 до 5 седмици на сонце. Потоа маслото можете да го процедите, но не мора. Ова масло се користи за зацелување на изгореници, за ублажување на проширени вени, за исцелување на кожата и заштита од сончевите зраци. Можете да направите и мевлем против проширени вени: Загрејте половина килограм свинска маст на тивок оган. Кога целосно ќе се растопи, додадете две шаки свежи цветови невен и една шака исушени зелени, боцкави лушпи од див костен. Оставете да запени, тргнете од оган и мешајте 5 минути. Поклопете и оставете на ладно место да отстои 24 часа. Потоа лесно загревајте со постојано мешање додека целосно да се растопи. Процедете низ стерилна газа и складирајте во чиста и сува тегличка. Се чува на темно и суво место. Вените се мачкаат со мевлемот секоја вечер, без масирање, одоздола нагоре. Притоа треба да се пие чај за прочистување на организмот.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page