Мали моќни топчиња: Еве зошто оваа есен треба да јадете калинки
- Aug 24, 2021
- 1 min read

Чистењето калинка не е некоја интересна активност, но малку труд дефинитивно ќе се исплати.
Постојат голем број причини зошто оваа есен треба да јадете калинки.
Овие мали, но моќни топчиња се полни со антиоксиданти што ги ублажуваат воспалителните процеси и задебелувањето на артериите. Со други зборови, калинката му помага на вашето срце да остане здраво, а се смета дека може да помогне во борбата против ракот.
Иако се потребни повеќе истражувања, засега се смета дека калинката го намалува протокот на крв во туморите, што спречува клетките на ракот да добиваат хранливи материи.
Исто така, се испитува можноста калинката да спречува раст на простатата, како и појава на рак на белите дробови, на градите и на дебелото црево.




Comments