
Ви претставуваме едноставен рецепт за тестенини кои ќе ги обожаваат сите во семејството, а за вас ќе биде вистинско уживање бидејќи ќе имате ручек кој е готов за 15 минути.
Потребни состојки: – 250 мл млеко – 400 грама макарони – 200 грама рендан кашкавал по желба
Подготовка: – Во голем сад загрејте го млекото да зоврие, па тогаш во него ставете ги и тестенините. – Варете ги тестенините во млекото со повремено мешање околу десет минути. – Потоа исклучете го огнот и во садот додадете го изренданиот кашкавал. – Мешајте ги макароните се додека кашкавалот да се стопи до крај. – Послужете го јадењето топло и уживајте во фантастичниот вкус.
Comments