top of page

Лошите диети посмртоносни од цигарите

  • rubinirubin
  • Feb 6, 2020
  • 1 min read



Според најновите истражувања, лошата диета е прогласена за „полоша од пушењето“, заедно со виното, содата, како и со неактивниот, „седечки“ живот. Еден од пет смртни случаи годишно или вкупно 11 милиони во светот, се последица од неправилната исхрана, пишува NY Post. Откриено е дека болестите како што се ракот и дијабетесот најчесто се поврзуваат со лошите прехранбени навики, како и со погрешни диети кои знаат да бидат погубни за нашиот организам. Земји со најмалку смртни случаи кога станува збор за прехранбените навики, биле оние кои ја следеле медитеранската исхрана, како што е Шпанија, велат истражувачите. Земјата е богата со производи како што е маслиновото масло, што ја направи овогодинешна најздрава земја, според Блумберговиот индекс за здрави земји за 2019.година. Интересно е тоа што лошите прехранбени избори на листата ги „претркале“цигарите инаку важат за главен непријател на здравјето.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page