top of page

Летен детокс: Оваа напивка ќе ви го прочисти телото од токсини и ќе ви го зајакне имунитетот

  • rubinirubin
  • Jul 27, 2021
  • 1 min read

Повеќето од нас во текот на карантинот уживавме во разни и честопати нездрави десерти. Сепак, дојде време да се излезе надвор, а многумина добија по некој килограм вишок.

Исто така, во нашиот организам неминовно се насобираат штетни материи кои доаѓаат од лошата исхрана, консумирањето алкохол, тутун, концентриран шеќер, од микроорганизми, како вируси и бактерии, но и како последица од загадената животна исхрана.

Токму затоа потребно е одвреме-навреме да му дадете одмор на телото од сите штетни агенси, да го прочистите и да ги зајакнете своите одбранбени механизми. Токму затоа, оваа освежувачка и вкусна детокс-напивка е идеална.

Морковите се преполни со бета каротен и витамин А, а покрај тоа и со витамин Б, К и калиум. Во комбинација со преостанатите супернамирници ќе добиете незаменлив детокс за целиот организам и за сите негови системи.

Состојки:

зелено јаболко

половина шолја исечкан ананас

2 поголеми моркова

2 парчиња свеж ѓумбир

сок од половина лимон

лажиче органски цимет

Приготвување:

Измијте ги сите состојки, излупете ги и исечкајте ги на парчиња. Ставете ги во соковник и пригответе напивка од наведените состојки.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page