top of page

Лесен и совршен десерт: Торта од јагоди и бело чоколадо

  • rubinirubin
  • Jan 20, 2020
  • 1 min read

Ова е сладок десерт со кој можете да ги изненадите гостите или пак да уживате во кругот на семејството. Состојки: 6 жолчки 250 гр. шеќер 250 гр. јагоди 750 мл. слатка павлака 250 гр. бело чоколадо Начин на подготовка: Измешајте ги жолчките и шеќерот, а кога смесата ќе стане пенеста, ставете ја на пареа. Постојано мешајте додека не добиете кремаста структура. Тргнете ја од пареа и чекајте додека не се олади. Измиените и исечени јагоди изгмечете ги со вилушка. Измиксајте ја слатката павлака и додајте ја смесата од жолчки. Додајте ги и изгмечените јагоди, па се добро промешајте. Смесата ставете ја во калап за торта и оставете да отстои во замрзнувач преку ноќ. Утредента стопете ја белата чоколада на пареа, малку изладете ја и прелијте ја преку тортата. Потоа оставете ја тортата уште 5 минути во замрзнувач. Извадете ја од калапот и украсете ја по желба, со јагоди, рендано чоколадо, бадеми.

留言


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page