ЛЕПЧИЊА ОД КОМПИР СО СИРЕЊЕ – ОДЛИЧНА ЗАМЕНА ЗА ЛЕБ
- rubinirubin
- Apr 10, 2022
- 1 min read

Можете да ги јадете наместо леб, а тие се едноставни и вкусни.
Состојки:
500 гр компири околу 90 гр брашно 1 лажица шеќер сирење по вкус
Подготовка:
Исчистете го компирот и сварете го. Направете пире, а потоа додадете брашно, шеќер, сол и бибер. Промешајте добро. Набрашнете ги рацете, потоа земете малку смеса од компири и направете круг (најблиску до тоа). Вметнете 3-4 помали парчиња сирење, потоа направете топка. Израмнете со прстите. Пржете во загреано масло додека не ја сменат бојата.
Comments